Генералниот секретар на Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), Един Јакуповиќ денеска го повика претседателот на партијата Ердоган Сарач да ја повлече одлуката за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Јакуповиќ информира дека партиските органи на ДНЕТ не се согласиле за коалиција со ДПМНЕ, а членовите јавно се оградиле од неговата одлука.
-Ердоган одважи се и повлечија одлуката за коалиција со системот! Нашето единствено барање е – веднаш повелекување на потпис со кој е направен личен чин за коалицирање и создавање фер и демократски услови за работа. Во спротивно во рок од 5 дена – поднесуваме до судот барање за укинување на одлука на претседателот на ДНЕТ за коалиција со системот. А веднаш по изборите бараме вонреден конгрес на ДНЕТ – се вели во соопштението од Јакуповиќ.
Тој потенцира дека ДНЕТ веќе со години е во коалиција со опозицискот СДСМ и дека така ќе биде и на изборите во декември.
-Ние членството на ДНЕТ, помеѓу печатот и менѓемето на системот и достоинството и обврската кон граѓаните, ги одбираме граѓаните. Не само што никој не може да не подели, туку од оваа битка ќе излеземе побројни и единствени. Слободата нема цена. Режимот мора да падне – се додава во соопштението.