Арнаудова: Судството не назадува, EУ нека се занимава со СЈО

by fokus

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудова не се согласува со најновиот извештај на Европската Комисија, кој особено го критикуваше македонското судство во поглед на неговата независност.

Според Арнаува, судството во Македонија не само што не назадува, туку и бележи и одреден напредок. Реформите, според неа, се закочени поради политичката криза.

-Сите реформи што ги спроведуваме се согласно пораките на ГРЕКО комитетот. Мене ме зачудува што во ниеден дел на извештајот на ЕК не се споменува извештајот на ГРЕКО, којшто препознава одреден напредок во судството -изјави Арнаудова.

Таа вели дека очекувала ЕУ повеќе да се занимава со работата на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи како што рече, судството имало свои таргети и обрвски, согласно препораките на Прибе, на кое посветено работеле.

Инаку, во извештајот на ЕУ, СЈО имаше посебен акцент. Во него, меѓудругото, беше посочено дека Кривичниот суд, под притисок на власта, е главен осптруктор на работата на Катица Јанева.

Поврзани новости