Четири дена по одлуката за укинување на мерката куќен притвор, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, денеска го добија писменото решение за укинување на мерката и официјално се на слобода.
-По 50 дена поминати во куќен притвор и по 4 дена поминати во чекање одлуката за укинување на куќниот притвор да стане правосилна – конечно можеме да излеземе од дома. Судењето продолжува, правдата не е задоволена, од борбата не се откажуваме – до конечната победа! – напиша Здравко Савески на својот Фејсбук профил .
Савески и Куновски се обвинети за учество во толпа која извршила кривично дело демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите на Шарената револуција.
На последното рочиште во судот, нивните адвокати приложија имотен лист од Народната канцеларија, според кој просторот не е во сопственост на Република Македонија.
Од судот пак, посочија дека ќе им треба дополнително време, бидејќи ќе треба да се прибави и договорот за закуп на Канцеларијата на Иванов, со цел да може да се докаже дали таа е во државна сопственост или во приватна.
Судењето продолжува на 6-ти јули