Прекршочна пријава на лице место за „четворката” пред Триумфална

by fokus

Павле Богоевски, активист на Шарената револуција заработи прекршочна пријава, откако вечерва пред Триумфална капија заедно со уште неколкумина герилци, испишаа голема „четворка”, како потсетување за рокот за нивиот ултиматум.

„Денеска симболично броевме уште 4 дена до 18 јуни, денот до кога дадовме рок на владата да постапи по нашите барања. Веднаш по одбројувањето повторно ја почувствувавме селективната правда и прогонот на Митко Чавков и на фамилјата врз демонстрантите, имено ме легитимираа и ми дадоа платен налог за сторен прекршок, додека вистинските криминалци кои раководат со државата се уште се на слобода и судовите одвај можат да се дрзнат да им го одземат пасошот, а не дај боже да ги стават во притвор„, рече за А1он Павле Богоевски.

Инаку, шарените револуционери освен што бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО, тие бараат и да престане прогонот на демонстранти, односно до 18-ти јуни да бидат повлечени сите кривични и прекршочни пријави за активистите на Шарената револуција.

Поврзани новости