Членовите на австриската Влада донираат по една плата

by Frosina Fakova 16:50
16:50

Членовите на австриската Влада, како знак на единство, ќе донираат по една нето месечна плата на избрани организации, соопштија денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц и вицеканцеларот Вернер Коглер.

-Милиони луѓе мораат да се откажат сега од многу работи или се во економски тешка состојба. Како Влада, ние правиме се за Австрија добро да ја помине кризата. Во исто време, ние исто така сакаме да испратиме личен сигнал за единство во ова тешко време, нагалси Курц.

- Advertisements -

Коглер додаде дека членовите на кабинетот сакаат да дадат свој солидарен придонес во ова предизвикувачко време.

– Секој министер, државен секретар ќе донираат по една месечна плата на организација за заедно што е можно подобро да поминеме низ кризата, објасни вицеканцеларот.

Поврзани новости