Се тестираат 155 лекови и 79 вакцини во светот против Ковид-19

by Frosina Fakova

Вкупно 155 лекови и 79 вакцини за борба против корона вирусот во моментов се развиваат низ целиот свет, според австрискиот Институт за медицинска технологија (АИХТА).

Според таа анализа, повеќето лекови во развој се веќе одобрени за употреба во борбата против други инфекции.

Од „кандидатите“ за вакцини, досега ниту еден проект не ја поминал фазата на развој.

Анализата, спроведена на барање на австриското Министерство за здравство, треба да помогне во донесувањето одлуки – кој е најдобар од развиените препарати кога здравствениот систем ќе биде во состојба да избира помеѓу повеќето лекови и вакцини против Ковид-19.

Во моментов, според АИХТА, се тестираат 155 лекови SARS-Cov-2, врз основа на една или повеќе антивирални состојки.

Поврзани новости