Членови на навивачката група Комити биле лишени од слобода откако со тврди предмети фрлале кон полициски службеници.
„На 24.11.2019 околу 15.20 часот на подрачјето на град Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(20), Х.Ѓ.(22), Д.М.(18), Д.С.(24), Д.Г.(20) и четири малолетни лица, сите од Скопје, поради тоа што претходно на Плоштад „Македонија“, во близина на „Камен Мост“, како дел од навивачка група од околу 25 лица, со тврди предмети фрлале кон полициски службеници поради тоа што не им било дозволено да преминат преку мостот.
Исто така, на „Кеј 13-ти Ноември“ тие физички нападнале други четири малолетници, сите од Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“