МАНУ избра ново раководство, нов претседател е академик Коцарев

by fokus

Македонската академија на науките и уметностите денеска избра ново раководство со мандат од четири години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.

За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, професор на ФИНКИ, а за потпретседатели академиците Живко Попов и Газанфер Бајрам. Научен секретар на Академијата ќе биде Изет Зекири.

На денешното Изборно собрание за членови на Претседателството на МАНУ се избрани академицитеКатица Ќулавкова, Абдулменав Беџети, Владимир Серафимовски, Леонид Грчев, Глигор Јовановски, Радован Павловски и Момир Поленаковиќ.

Поврзани новости