Членови на ДИК бараат седница – Дерковски „недостапен”

by Fokus
Членови на Државната изборна комисија испратија иницијатива до претседателот и потпретседателката на комисијата да свикаат седница денес за предвремените парламентарни избори 2020 година.

Борис Кондарко, Јанаќе Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салихи се четворицата членови кои се потпишаа за свикување на седница. Првите тројца се членови предложени од СДСМ, додека Салихи во ДИК го предложи Движењето Беса.

ТВ21 дознава дека Дерковски и Шеху и покрај тоа што не се пријавуваат на работа, тие се исто така недостапни на телефон за своите колеги членови на ДИК.

Дерковски во петокот посочи за свикување на седница за денес (недела), но не го стори тоа.

Четворицата членови на ДИК преку иницијатива бараат продолжување на изборните активности во согласност со новиот владин декрет, а со тоа и претседателот на ДИК Оливер Деркоски денеска да свика седница и да ја продолжи агендата.

Исто така, се бара во оваа сесија да се донесе ревидираниот распоред каде ќе бидат предвидени сите преостанати изборни активности.

Во документот се наведува дека од утре, 15 јуни 2020 година, треба да започне изборната кампања.

 

-Со глед на тоа дека согласно постојаната позитивна законска регулатива, од утре, 15 јуни 2020 година би требало да започне изборната кампања, сметаме дека е потребно како дел од најитните дејствија да се одржи ждребка за распределба на локациите на рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање, пишуваат во иницијативата.

ДИК е должна писмено да ги извести политичките партии за потребата од дистрибуција на рекламен материјал, предвиден со законските одредби.

Поврзани новости