Пендаровски ќе прогласи нова вонредна состојба ако партиите се договорат за датум

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од неговиот Кабинет.

-Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, се наведува во соопштението.

Засега договор меѓу партиите нема, а според изјавите на лидерот на СДСМ, во ваков случај останува 5 јули како датум за избори бидејќи по завршувањето на вонредната состојба во сабота, тогаш истекуваат 22 дена за којшто период треба да се одржат изборите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција порача дека за неговата партија прифатливи се избори кон средината на јули доколки претходно се воспостават јасни протоколи за здравјето на граѓаните и се овозможи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите.

Поврзани новости