Членка на историската Комисија се огради и ги осуди последните изјави на Заев

by fokus

Љубица Спасковска, која е член на историската Комисија на Македонија и Бугарија вечерва ги осуди последните изјави на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто на БНЕС.

-Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општо прифатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947, напиша Спасковска на Фејсбук.

Спасковска е доцент на Универзитетот во Ексетер (University of Exeter) во Велика Британија. Докторирала на истиот универзитет во 2014 година и магистрирала на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта.

Поврзани новости