Пеле за Марадона: На небото некогаш повторно ќе играме фудбал

by fokus

По смртта на легендата на светскиот фудбал, Диего Марадона, се огласи уште една легенда, бразилецот Пеле. Тој рече дека е тажно да се изгуби пријател на овој начин.

-Тажно е да загубиш пријател на овој начин. Се надевам дека на небото некогаш повторно ќе играме фудбал, рече Пеле.

Диего Армандо Марадона почина утрово во неговиот дом во градот Тигре по срцев удар. Тој се опоравуваше од операцијата за субдурално церебрално крварење.

 

Поврзани новости