Чичаковски: Мирни, демократски и фер избори, соогласно меѓународните стандарди

by Fokus

Државната изборна комисија ги спроведе локалните избори во согласност со Уставот, Изборниот законик и позитивните прописи. Денеска имавме мирни, демократски и фер избори во кои граѓаните можеа слободно да го искористат своето избирачко право, оцени вечерва претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

“Притоа дававме се од нас со цел да овозможиме на граѓаните да имаат еднакво, слободно и тајно право на глас. Друг начин на работа овој состав на ДИК не познава. Овие меѓународно признати стандарди ги применувавме и при спроведување на предвремените парламентарни избори и за спроведување на Локалните избори 2017 година”, наведе Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијана која ги соопшти првичните резултати од вториот круг за локалните избори.

Како што информира, до ДИК, за разлика од првиот изборен круг, пристигнале мал број приговори за заштита на лично избирачко право.

Поврзани новости