480
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, на денешната последна прес конференција рече дека се уште официјално не може да се каже во колку општини изборите се завршени, а во колку ќе треба да се гласа во вториот круг.
-Сега следува период на приговори, жалби и тужби до Управен суд. Па дури откако тоа ќе заврши ќе можеме да кажеме колку точно општини добиле партиите и во кои општини ќе треба да се гласа и втор круг, рече Чичаковски.
Според засега обработените податоци, неофицијално четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.