408
Александар Чичаковски, претседател на Државната изборна комисија, во интервју за државната агенција МИА вели дека сите општински изборни комисии се целосно оперативни и ги добиле потребните просторни, технички услови од општините и нормално функционираат во пресрет на локалните избори во октомври.
-Во моментов исто така се изготвуваат и доставуваат решенијата за избор на членовите на избирачките одбори. Тоа е сложена логистичка операција. Треба да се има предвид дека околу 34.000 членови на избирачките одбори беа избрани во минатиот период – рече изјави Чичаковски.