Цветков направил долг поради нереводно плаќање за консултантски услуги, велат од кабинетот на Николовски

by fokus 11:17
11:17

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имало заостанат долг од 207.000 евра за консултантски услуги поради што била блокирана работата на проектот за наводнување на Јужно-вардарската долина. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека претходната Влада не плаќала редовно за консултантски услуги во изминатите две години.

Реализацијата на програмата, согласно договорените услови, требаше да почне минатата година. Но, поради неплаќање на фактурите, реализацијата е пролонгирана за една година.

„Иако немало никаква законска и финансиска пречка, фактурите пристигнувале во МЗШВ, но не се плаќале, што довело до зголемување на давачките на државата кон кредиторот, односно плаќање на каматите за неизграден објект. Ваквото работење веќе е предмет на ревизија, која треба да ги утврди причините и последиците од неплаќањето, за што ќе има и одговорност“, велат од кабинетот на министерот, Љупчо Николовски.

- Advertising -

Од Министерството додаваат дека е долгот подмирен со што меѓународниот консултант на проектот продолжил со работа. Со овој проект е предвидено реконструкција, рехабилитација и изградба на систем за наводнување од околу 2.000 хектари во регионот на Удово, Јосифово и Пирава. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во првиот квартал од следната година.

Поврзани новости