-Станува збор за отровна супстанца која при директен допир со кожата предизвикува тешки оштетувања и повреди. Доколку сте изложени на пареа од метил акрилат, доаѓа до иритација на очната слузокожа, чешање и солзење на очите. При поголеми концентрации може да доведе и до оштетување на сетилото за вид. Исто така, ако сте изложени на оваа токсична супстанца, може да предизвика полесни или потешки оштетувања на респираторниот систем, печење на грло и гради, кашлица, тешко дишење, но и оток на белите дробови.При работа со метил акрилат мора да се носат заштитни средства, а при хаварија се врши евакуација на населението во радиус од 50 метри. При потешка хаварија се врши евакуација во радиус од 800 до 1.000 метри и се преземаат мерки за деконтаминација.Се уште не е познато за колкава количина на ослободен метил акрилат станува збор и колкава е неговата концентрација во воздухот – објаснува Чибишев.
Чибишев: Поголеми количини од истечениот метил акрилат мономер во ОХИС може да доведе и до оштетување на сетилото за вид
748
претходна вест