Четврти и петти разговор (Груевски-Јанакиески): Договор за одземање на кориснички права

by Фокус 14:04
14:04

Во четвртиот и петиот разговор кој денес ги одбјави СДСМ, повторно за парцели и градби, зборуваат премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески.

Груевски:За ова што зборевме сега, за овие 8-те што ги зборевме.

Јанакиески: Добро.

- Advertising -

Груевски:  Провери, во рамките на една парцела дали до максимум е искористено тоа за градба.

Јанакиески: 70 %, така мора да биде.

Груевски: Да де, 70, дали е тоа?

Јанакиески: Нема ништо сега, ама така мора да биди по план. Нели во законот така ставивме.

Груевски: Па после треба друг план за тоа?

Јанакиески: Ова е само скица. Сега врз база на тоа ќе се изготвува план. Тоа што Ви го доставив Акциониот план.

Груевски: Аха, добро. Ама тоа да си сигурен дека 70% ќе биде, тоа ми беше поентата.

Јанакиески: Да, мора по закон така да се стаи.

Груевски: Добро.

Јанакиески: Уште на времето ако се сеќавате.

Груевски: Добро, океј. Ајде.

Во следниот разговор, продолжуваат на истата тема

Груевски: Кај си Миле?

Јанакиески: На промоција на Кисела Вода, за градоначалник.

Груевски: А, Кисела Вода си. Можеш да збориш кратко?

Јанакиески: Кажете, кажете.

Груевски: Ова горе што е, не…., тоа другото што е, знаеш?

Јанакиески: Добро.

Груевски: Треба дооформување. Ти ми рече 2.000 квадрати е дооформување, така?

Јанакиески: Да, ама има сеа промени таму, Ви кажав, се појавија кориснички права.

Груевски: Колку? Многу?

Јанакиески: Требаше, на цело тоа. Требаше, денес тоа да го имам. Ќе ви објаснам. Требаше денес да го имам финалното мислев да Ви го покажам, ама Александар…

Груевски: На целото има кориснички?

Јанакиески: На целото. Ама тројца има, двајца се починати, а едниот, уставри двајца не постојат воопшто во евиденција, едниот е починат има шанси да се одземе корисничко право. Така да во две фази ќе оди.

Груевски: Добро, тоа колку време ќе ни треба да се заврши?

Јанакиески: Па ќе треба план да се смени. Значи, идејата ми е сега тоа што си е, за градба да си биди цела сопственост како што треба, а тоа што е околу со дооформување да одиме во втора фаза.

Груевски: И колку е тоа? Шест месеци? Колку?

Јанакиески: Па да, толку е океј.

Груевски: Пет-шест, колку?

Јанакиески: Шест можи. Али ќе можи да се гради, ако сакаме да градиме, да се гради.

Груевски: А колку беше дооформувањето, цена, што ми пиша еднаш?

Јанакиески: 14.400.

Груевски: Од….? Денари?

Јанакиески: Да.

Груевски: Добро, фала ти, ајде.

 

Поврзани новости