Шести разговор(Груевски-Јанакиески): Ќе изградиме потпорен ѕид и они ќе гледаат во ѕидот

by Фокус

И шестиот разговор од денешната бомба на СДСМ се води меѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески.

Груевски: Што правиш Миле?

Јанакиески: Добро, прес ќе имам сега.

Груевски: Што имаш?

Јанакиески: Прес, прес.

Груевски: А, прес. На која тема?

Јанакиески: За ова, за градежново земјиште, на луѓево што му овозможуваме ова со надоврешниве договори, добро е тоа, да го промовираме.

Груевски: А супер е тоа, супер, да. Знаеш што ми текна мене. Вчера ова ливчево што ми го покажа ти.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?

Јанакиески: Грубо, да.

Груевски: Па да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.

Јанакиески: Види, максимално е направено, бидејќи оди по срт некој. После ќе има многу дополнителни работи, од тој аспект. Зошто е баш на сртот на тоа како што е самата топографија, оти после е малку као, као стрмина. И ние го гледавме, максимално да се направи, за да може патот да се направи.

Груевски: Добро, добро, тоа не го знаев. Ја мислев дека е рамно, си викам што па на пола?

Јанакиески: Не, не. Прво беше, ако се сеќавате…

Груевски: Тие да беа на наше место на пола ли ќе го стаат?

Јанакиески:..малку погоре, па го спуштивме ние најдолу што може, за да, оти после е пад голем.

Груевски: Мхм. Добро, океј ако е така, океј.

Јанкиески: Ќе проверам уште еднаш дали може да оди пониско, ама максималното…

Груевски: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.

Јанакиески: Така да. Ќе проверам уште еднаш.

Груевски: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

Јанакиески: Така.

Груевски: А го израмнуваш горе ти, така?

Јанакиески: Да, да, да.

Груевски: Подигањето, и се израмнува.

Јанакиески: Уствари така ќе дојде малку патот, ќе имаат тука малку насип. Како и да е, ќе мора да има насип.

Груевски: Да. Добро.

Поврзани новости