Трет разговор(Груевски-Јанакиески): Делба на парцела

by Фокус

Третиот разговор од десетата бомба на Зора Заев е помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески. Тука веќе се зборува дека е направена промена на ГУП-от, за кој зборуваа во првиот разговор.

Груевски: Мада па сега има избори, ама нема везе, шибај колку можеш, па ќе видиме. Втора работа. Ова ГУП-от помина, знаеш за што те прашувам, за…

Јанакиески: Да, да, знам.

Груевски: Е. Е сега треба ДУП. Ааа…Александар го имал подготвено ДУП-от

Јанакиески: Знам.

Груевски: Ама нешто коментирал ли, он ли, друг ли, не знам. Дека додека не се заврши картирањето, не може да го пушти. Јас зборев со Коце. Коце вика нема врска, може да се пушти. И Гордана беше, и Коце беше, може да се пушти веднаш. Иако, не е картирањето завршено. Оти картирањето ќе ги фати до Нова Година. Па сакав да те замолам, да ја превемеш ти работава, и да ја буткаш. Со Александар контактира Алек, да знаеш, за тоа.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Алек е, така да он нема појма…

Јанакиески: Да де, јасно.

Груевски: Ти можеш да завршиш со Алек таму што ти се јавува за ваму-таму.

Јанакиески: Само да проверам…само да проверам, мислам дека за ДУП-от му треба картирано за да го постави на ГУП-от, ама да проверам. Тоа утре од сабајле прва работа и ќе Ви кажам. Само…ама многу му треба, месец дена, голема површина е. Океј, ќе Ви кажам утре, кога, како, што, се.

Груевски: Океј. Тоа ми беше втората точка. Ако може да го изгураме пред овакво…

Јанакиески: Да де да.

Груевски:…пред овие да се распишат знаеш.

Јанакиески: Така.

Груевски: Мада, мада па чув дека и кога ќе се распишеле они ќе си држеле Совет до некое време, не знам до кога.

Јанакиески: Ама, можи денеска, ….не знам и Собраниево да видиме законите како че ги носи. Оти она што ме заложивте, веќе направивме Акционен план, да си кликниш, и една градежна парцела да си видиш, и плус ќе додадиме таму и одобрение за градење дали има парцелата, нема одобрение за градење, план донесен, кога е донесен. Сите параметри да ги има на едно место.

Груевски: Ја да ти кажам не сум ни видел како е направен тој ДУП, пошто немаше време, само реков нека го распределат на повише парчиња. На колку парчиња го имаат распределено не знам. Ја би го направил на 20 парчиња, пошто тоа е големо.

Јанакиески: Реално можи на 3, 1000 некаде е океј парцела. Ќе видам, ќе Ви кажам, ама да се вратам. Утре сакав да се вратам…

Груевски: Не, не, не, чекај, чекај, чекај, не за тоа, не за тоа. Тоа е океј, за тоа во право си. Ама, за ова другово сега ти зборам. Нели ја ти кажав дека во меѓувреме…

Јанакиевски: А за тоа другото океј.

Груевски: Нели ти кажав дека во меѓувреме збркав друго.

Јанакиески: Знам, знам, океј е тоа.

Груевски: Е. Сега тоа ми е исто хитно како и ова. Дури похитно ми е тоа, знаеш.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Тоа е многу поголемо, тоа го начекав јас за џабарлак, ти кажував.

Јанакиески: Знам, знам ми кажа Александар дека знае. Океј.

Груевски: Александар знае за кого е, што е?

Јанакиески: Алек.

Груевски: Да де да, е па добро. Океј. Значи тоа новото е доста поголемо од старото.

Јанакиески: Мислам дека треба…, ама да Ви потврдам утре. Треба заради да го постави

ДУП-от, заради границите, заради тоа.

Груевски: Старото, старото беше околу 2,7 така.

Јанакиески: А…ааа. Не знам точно.

Груевски: 2.700 така беше.

Јанакиески: Мислам дека 3.5 беше. Ама не сум сигурен. 3-ка беше сигурно.

Груевски: Ја мислам дека 2.700 беше. Не мислам, него сум сигурен. Ова новото е 11.000.

Јанакиески: Да не е многу на 20 да се подели?

Груевски: Не е многу, по 500. По 500 и кусур.

Јанакиески: Добро. Оти..

Груевски: Колку имаат по 500? Многу, така?

Јанакиески: Да, да, добро.

Груевски: И што губам ако го поделам на 20? Ништо, така?

Јанакиески: Да де да.

Груевски: Имам зошто. Кога ќе се видиме ќе ти кажам. Значи размислував…

Јанакиески: Не, не, океј. Ако е таков концепот, океј. Само треба да видиме…

Груевски: Имам зошто.

Јанакиески: Добро.

Груевски: Ама нејќев по телефон да зборам зошто.

Јанакиески: Не, не ќе Ви кажам утре.

Груевски: Многу е логичен концептот зошто.

Јанакиески: Јас сакав утре да стигнам и на Влада, само не знам ова со авиониве како ќе

биде…

Груевски: Е сега он дали го поделил на 10, дали на 50, дали на 20, појма немам да ти кажам право. Пошто ја преку еден човек, тој човек преку Алек, Алек таму иде. А ја по патишта по ова, по она, немам појма како излгеда тој ДУП….

Јанакиески: Ако стигнам утре на Влада, ќе го викам, ќе се видиме со него и ќе Ви презентирам. И ќе го нацртаме ние како што треба, и ќе го тераме.

Груевски: Висина, висина максимум што може таму, колку се дава висина, не знам.

Јанакиески: 10.5, 10.2.

Груевски: 10.2. Поише не може?

Јанакиески: Не. За индивидуално не.

Груевски: Океј, 10.2, 10.2 нека биде. Уствари чекај, да не ја утнам што викаш ти. А бе тоа дур не го видиш не можеш, ама ајде.

Јанакиески: Ќе го видиме утре на лице место, ќе го земам ја…

Во продолжение на разговорот премиерот му напоменува на министерот дека не може да му ја долови ситуацијата со шифри, а тој вели, сфатив, сфатив.

Груевски: Оти ќе дојде време ќе треба да се озваничи нешто, така?

Јанакиески: Да де, јасно.

Груевски: Треба да се појави некаде некој таму, да отиде да рече, еве јас сум, ја ова сакам

да го правам. И сега ако отиде да го прави на 11, одма ќе има ука-бука.

Јанакиески: Да де, ќе падне во очи.

Груевски: Како, што, зошто, од каде, а-у, колку, што, пресметки, ваму-таму. А вака формално зимаш едно од тие 11 на пример, или две. Ме сфаќаш?

јанакиески: Така.

Груевски: И викаш еве ја едно земав, едно е толку и толку. А тоа другото ќе си стои така.

Јанакиевски: Океј.

Груевски: Па понатаму како ќе…

Јанакиески: Океј.

Груевски: …минуваат години, може после и тоа да се…

Јанакиески: Да се видиме утре, утре е четврток, ако стигнам…

Груевски: Ти тука ли си?

Јанакиески: Ако стигнеме утре. Додуша планирам утре околку 10 сатот да стигнеме, сакав и на Влада да стигнам, ама не знам како со авиониве ќе биди. Ако стигнам утре, утре, ако не…

Груевски: А чекај ти ја помина у Шведска таа работа?

Јанакиески: Не, не, не. Утре од сабајле требаше да бидам таму во 10, ама не знам како ќе стигниме. Најверојатно нема да одиме ич во Шведска, ќе се враќаме назад.

Груевски: Аха.

Јанакиески: Затоа викам, не знам како ќе биди со авиониве, ќе Ви кажам.

Груевски: Не ама и да не се враќате, телефонски слушни го, прашај го на колку парчињае поделено, по колку е едно парче? И што е најважно, прашај го дали може сега во јануари да се заврши работата?

Јанакиески: Така, да. Тоа ќе Ви го кажам утре. Сакав да го земам…

Груевски: Пред да, пред да се избере новиот состав, ме разбираш? Оти новиот состав е неизвесно, не знаеме што ќе биде.

Јанакиески: Така е.

Груевски: Е така. А за тоа помалото, тоа не ми треба уствари да се дели, зошто? Нели го направивме тоа да може и друга варијанта да биде, така?

Јанакиески: Е па за другата варијанта Ви викам на три да се подели, за да биди друганамена, како што зборевме. Да има таква можност.

Груевски: А ако остане едно, ќе биде едно големо, така?

Јанакиески: Да де да. Многу големо е така.

Груевски: Е па неам појма, нека си остане големо. Што знам? Ако е големо, можеш и да го направиш и мали, ако е, ако го поделиш не можеш големо да го направиш.

Јанакиески: Зависи. По мое, поголем интерес би имало за 3х1.000, грубо и можи тројца…

Груевски: Ама за вакво, за индивидуално.

Јанакиески: Не, за зграда ја мислев.

Груевски: Е не знам сега, ја не се разбирам, не се разбирам. Ја па мислев дека што поголемо, подобро. Од овие што купуваат такви…

Јанакиески: Сите што ги продаваме се околу 1.000, 1.100, 900. 500 прават во основа, 4-5 ката, полесно така му оди.

Груевски: А, мислам дека он за тоа нема ни почнато ДУП. За ова, ја за тоа не сум ја збркал асално работата, за тоа.

Јанакиески: Ама ја ја терав.

Груевски: Ти ја тераше?

Јанакиески: Да.

Груевски: Е па добро, напрај го така, па сега. Ја не знам, стварно не знам дека тоа што викаш дека по 1.000 се најчести и така, не го знам тоа. А по колку се високи тие обично, што се по 1.000?

Јанакиески: Приземје плус 5, приземје плус 4, така.

Груевски: Аха. Добро, значи 3 комада ќе може на тоа место?

Јанакиески: Да.

Груевски: Добро. Не, стварно не знам, мислам неам претстава, дали е тоа океј или не е океј.

Јанакиески: Може да направам уште едно истражување генерално…

Груевски: А бе вака ти тргни, кога би било твое тоа, како е најбоље за тебе, така ќе го направиш.

Јанакиески: Е па така, така мислам дека е најдобро.

Груевски: Е сега, ти да си у истава ситуација, како ти би постапил, така.

Јанакиески: Така мислам дека е најдобро, за тоа така Ви кажувам и на Вас.

Груевски: Океј. Океј. Ако е така најдобро, така да тераме. А за ова другото види, да биде у јануари и на колку е поделено. Тоа на колку е поделено ми е помалку битно, отколку да биде во јануари. Знаеш, и да е на 10 поделено, океј.

 

Поврзани новости