Во четвртиот и петиот разговор кој денес ги одбјави СДСМ, повторно за парцели и градби, зборуваат премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески.
Груевски:За ова што зборевме сега, за овие 8-те што ги зборевме.
Јанакиески: Добро.
Груевски: Провери, во рамките на една парцела дали до максимум е искористено тоа за градба.
Јанакиески: 70 %, така мора да биде.
Груевски: Да де, 70, дали е тоа?
Јанакиески: Нема ништо сега, ама така мора да биди по план. Нели во законот така ставивме.
Груевски: Па после треба друг план за тоа?
Јанакиески: Ова е само скица. Сега врз база на тоа ќе се изготвува план. Тоа што Ви го доставив Акциониот план.
Груевски: Аха, добро. Ама тоа да си сигурен дека 70% ќе биде, тоа ми беше поентата.
Јанакиески: Да, мора по закон така да се стаи.
Груевски: Добро.
Јанакиески: Уште на времето ако се сеќавате.
Груевски: Добро, океј. Ајде.
Во следниот разговор, продолжуваат на истата тема
Груевски: Кај си Миле?
Јанакиески: На промоција на Кисела Вода, за градоначалник.
Груевски: А, Кисела Вода си. Можеш да збориш кратко?
Јанакиески: Кажете, кажете.
Груевски: Ова горе што е, не…., тоа другото што е, знаеш?
Јанакиески: Добро.
Груевски: Треба дооформување. Ти ми рече 2.000 квадрати е дооформување, така?
Јанакиески: Да, ама има сеа промени таму, Ви кажав, се појавија кориснички права.
Груевски: Колку? Многу?
Јанакиески: Требаше, на цело тоа. Требаше, денес тоа да го имам. Ќе ви објаснам. Требаше денес да го имам финалното мислев да Ви го покажам, ама Александар…
Груевски: На целото има кориснички?
Јанакиески: На целото. Ама тројца има, двајца се починати, а едниот, уставри двајца не постојат воопшто во евиденција, едниот е починат има шанси да се одземе корисничко право. Така да во две фази ќе оди.
Груевски: Добро, тоа колку време ќе ни треба да се заврши?
Јанакиески: Па ќе треба план да се смени. Значи, идејата ми е сега тоа што си е, за градба да си биди цела сопственост како што треба, а тоа што е околу со дооформување да одиме во втора фаза.
Груевски: И колку е тоа? Шест месеци? Колку?
Јанакиески: Па да, толку е океј.
Груевски: Пет-шест, колку?
Јанакиески: Шест можи. Али ќе можи да се гради, ако сакаме да градиме, да се гради.
Груевски: А колку беше дооформувањето, цена, што ми пиша еднаш?
Јанакиески: 14.400.
Груевски: Од….? Денари?
Јанакиески: Да.
Груевски: Добро, фала ти, ајде.