Четворица заразени од Ковид 19 во Тиквешијата, најмладиот има 19 години

by Fokus

Коронавирусот зема замав во Тиквешијата, денеска се регистрирани четири лица позитивни на Ковид-19.

Станува збор за три пациенти од Кавадарци и еден од Неготино. Во Кавадарци најмладиот има 19 години, останатите се на возраст од 52 и 53 години. Мажот на возраст од 53 години е сместен на Инфективно одделение во Велес, останатите се на домашно лекување.

Во Неготино е заразена 39-годишна жена, која била вработена во Кавадарци. Сите се тестирале бидејќи пројавиле симптоми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости