Четворица загинати во експлозија во Романија

by Фокус

Четворица луѓе загинаа, а четворица други се повредени во експлозија на противпешадиска мина во фабрика за муниција во јужна Романија.

Локалните здравствени власти соопштија дека мината експлодирала додека неколку вработени работеле на нејзино деактивирање.

Четворицата повредени се во стабилна состојба и се свесни.

Инаку, фабриката Бабени е сертифициран снабдувач на романското Министерство за одбрана и НАТО.

Во 2019 година, во случајна експлозија во истата фабрика загина 22-годишен маж.

Поврзани новости