Четворица повредени во сообраќајка, меѓу нив и 9-годишно дете

by Fokus

Соонбраќајка се случила вчера после скопската патарина, каде има четворица повредени, информираа од МВР.

Според полицијата, вчер во 11,50 часот на автопат Скопје – Велес, после патарина Петровец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(62) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од З.Т.(53) од Гевгелија. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Љ.К. и сопатниците од возилото „Југо“, Г.К.(32), С.К.(54) и 9 годишно дете, сите од Скопје кои се пренесeни во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, додека сопатничката од истото возило Б.К. (36) се здобила со тешки телесно повреди.

Поврзани новости