89
МВР информира дека синоќа во 19.40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е.(30) од Скопје, а денеска во 09.25 часот биле лишени од слобода И.Е.(27), Х.Е.(48) и Б.Е.(23) сите од Скопје, поради тоа што на подрачјето на Бит Пазар со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.
По целосно расчистување на случајот, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.