Тешка сообраќајка во Ниш – автомобил излета од патот, едно лице загина

by Fokus

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот и 30 минути на стариот пат Ниш – Просек, недалеку од Коњичкиот клуб.

До несреќата дошло кога од засега неутврдени причини возилото „цитроен“ излегло од коловозот и се превртело на страна.

Како што ни потврдија, едно лице починало на лице место, додека Брзата помош четворица ги префрлила во Универзитетскиот клинички центар Ниш.

На терен се и пожарникарите, иако, како што рекоа, немало пожар, но помагале за ослободување на повредените кои останале во возилото.

Поврзани новости