Четиригодишно дете искасано од куче во Неготино

by fokus 12:31
12:31

Во кавадаречката општа болница денеска е примено четиригодишно дете кое било искасано од кучиња во дворот на соседите.

Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата, хирургот доктор Дано Кулев, станува збор за дете од Неготино, кое според тоа што го изјавиле родителите, било искасано во дворот на соседите.

- Advertisements -

-Станува збор за четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница, изјави Кулев.

Врз раните е интервенирано, а детето добило соодветна терапија, по што е задржано на хируршкото одделение во болницата.

Поврзани новости