Попоски на средби со претставници на администрацијата на Трамп

by fokus 11:58
11:58

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, од вчера е во посета на Вашингтон, каде во Белата куќа за првпат се сретна со претставници на новата администрација на претседателот Доналд Трамп.

За време на неговата посета на Вашингтон, каде престојуваше на самит посветен на борбата против ИСИС организирана од државниот секретар Рекс Тилерсон, Попоски се сретна со претставници на Советот за национална безбедност на Трамп, како и со претставници на Стејт Департментот и повеќе конгресмени.

- Advertisements -

-Средбите се пред се во насока на воспоставување на директна комуникација со новата администрација во Вашингтон на претседателот Трамп. Во овој контекст е многу значајно што обезбедуваме поддршка од поголем број на конгресмени кои имаат значајна македонска заедница во областите каде се избрани. Во оваа насока сметам дека и во Конгресот и во новата администрација во Белата куќа и Стејт Департментот најзначајно ќе биде Македонија да се најде на агендата за поддршка во остварување на нашите стратегиски цели, Попоски изјави за Македонската телевизија.

Во Конгресот, Попоски се сретнал со некои од конгресмените кои се меѓу истакнатите поддржувачи на Македонија, како Дејв Трот од Мичиген и Бил Паскрел од Њу Џерси.

Поврзани новости