Четири масла од канабис достапни во аптеките

by fokus

По легализацијата и пуштањето во употреба, интересот за маслото од канабис кај пациентите е огромен, информираат од Агенцијата за лекови и медицински средства.

 Освен за тешки малигни заболувања маслото од канабис може да се користи и за мултиплекс склероза, хив како и тешки епилептични синдроми. Во аптеките од пред една недела може да најдат четири типа на масла.

Маслото од канабис во аптеките се најде во јуни. Неговата продажба е под строги критериуми, дозата ја определува лекар специјалист, а маслото може да се подигне само со рецепт.

Според здружението „Зелена алтернатива“ канабисот може многу повеќе да биде искористено отколку што дозволува законот.

Инаку, докторите и фармацефтите од Македонија, денеска разменуваа искуства со своите колеги од странство за употребата на канабисот. Канабисот и неговата примена во медицијана се покажа дека е тема поблиска за пациентите и граѓаните отколку за лекарите, говорат искуствата од странските доктори кои за бенефициите од маслото од канабис многу научиле од своите пациенти.

Поврзани новости