Четири институции дале позитивно мислење за украинскиот политичар, меѓу кои АНБ, МОК, АМС

by fokus

Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар Олександр Онишченко, кој е под санкции на САД.

Исто одговори и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој наброи три институции, Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт.

=Станува збор за добивање државјанство по член 11. Не е државјанство кое го доделува МВР туку Владата. МВР ги прибира сите документи, станува збор за предмет кој добил позитивни оценки од четири релевантни институции во државата. На крајот на Влада се носи одлука и Владата има дискрециско право да даде на којшто било аплицира во овој дел … Сите проверки од сите четири институции се позитивни. АНБ, Макеоднски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт. Тоа е за во конкретниот случај. За други случаи има други органи што даваат мислење, на пример, ако е за економија, даваат министерствата за економија, за финансии итн., рече Спасовски.

Поврзани новости