Четири предвремено родени бебиња кои биле во инкубатор починале за една вечер минатата недела на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Докторката која биле дежура ноќта меѓу четвртокот и петокот е суспендирана.
-Според инфромациите од Клиниката за гинекологија, едното било родено во 25. недела со екстремен прематуритет, второто е родено во 27. недела со мултиоргански засегања и невролошка симптоматологија од централен тип, а другите две се родени во 29. недела од кои едното со претходно утврден застој во растот. Четвртото бебе е родено поради предвреме пукнат воденик и бактерија кај мајката, велат од Министерството за здравство.
Министерството информира дека формирале комисија за стручен надзор и времено е суспендирана докторката, која била дежурна таа вечер, се додека не се донесе конечен заклучок од комисијата за стручен надзор.