МНР го демантира Коѕијас дека ќе има комисија за ревизија на учебниците

by fokus

Македонското МНР денеска ја демантираше вчерашната изјава на грчкиот министер, Никос Коѕијас дека ќе биде формирана заедничка комисија која ќе треба да го исфрли иредентизмот и спорните географски карти од учебниците по историја.

Од МНР се наведува дека шефовите на дипломатиите на двете земји на средбата во Њујорк не разговарале за формирање на некоја заедничка комисија, туку оти треба да се работи на надминувањето на историските предрасуди и дека најпрво за тоа треба да дискутираат експерти од двете земји.

-Она за што е разговарано на состанокот во Њујорк помеѓу Димитров и Коѕијас е во насока на иницијативата на Република Македонија од 2007 година за средба на историчарите од двете земји. На состанокот во Њујорк соговорниците се согласија дека треба да се работи на надминување на историските предрасуди на Балканот во интерес на соработката и на заедничката европска иднина. Двајцата министри во оваа фаза разговараа за средба на експерти од областа на историјата, а не за формирање заедничка комисија, соопштуваат од МНР.

Поврзани новости