Трајановски: Знаете дека кај мене нема многу политика, само работа

by fokus

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што го исполнува она што го ветува, дека нивниот збор е нивна обврска и дека тие од дадениот збор не отстапуваат.

-Од досегашното мое искуство во локалната самоуправа можам да кажам нешто што и вие многу добро го знаете, кај мене нема многу политика, има многу работа, многу градење, сообраќајни коридори, водоводи, фекални канализации, паркиралишта, паркови и што уште не. Граѓаните својата доверба ни ја даваат токму затоа, за конкретни зафати, да ги подобриме условите во кои живеат, а не само да водиме политика, во која и ден денес гледаме луѓе кои нонстоп зборат со празни зборови и фрази и сакаат да ве излажат, а ништо не работат. Ние не сме такви и затоа пред вас излегуваме со конретна програма со која ќе ја побараме вашата доверба, изјави Трајановски.

Поврзани новости