Чешкиот премиер: Кај Македонија ја браневме ЕУ од криминалци

by fokus

Го гледам Зоран Заев тука пред мене, од неговата граница ЕУ се бранеше од криминални структури меѓу нелегалните мигранти, изјави премиерот на Чешка Андреј Бабиш на првиот панел на Бледскиот стратешки форум.

-Кај ни е сега стратегијата? Зоран Заев направи сe. Не ги испорачавме нашите ветувања кон нив. Ајде да ги земеме во Шенген прво. За какво бранење на граници зборуваме и бранење од мигранти. Ете ни го Ердоган, даваме милијарди и организираме конференции и пак нема јасна стратегија за територијалниот интегритет на ЕУ. Ајде за тоа прво да зборуваме па за проширувањето на ЕУ – изјави Бабиш.

Поврзани новости