Чавков против специјално полициско одделение

by fokus

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков смета дека нема потреба од формирање на специјално полициско одделение кое ќе работи за Специјалното јавно обвинителството на Катица Јанева.

Министерот Чавков ова го изјави на денешната прес конференција на која беше соопштено дека полицијата сузбила криминална структура која препродавала дрога, а 24 лица биле приведени рано изутрина по извршените претреси.

Организатор бил 40 годишен вечешанец кој организирал мрежа на препродавачи и посредници од Скопје, Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци Гевгелија и Струга. Според МВР еден грам хероин бил продаван за 1000 денари.

Поврзани новости