ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неосновано шири паника за Дојранското Eзеро

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до јавноста, убедуваат дека водата во Дојранското Езеро била добра за капење и не предизвикувала опасност по здравјето на луѓето.

Од владејачката партија обвинуваат дека ова било уште едно сценарио на СДСМ, кои неосновано ширеле паника кај луѓето.

-Изјавата на министерот за здравство дека водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење, се базира исклучиво на добиените анализи од примероците на вода, директивите на Европската Унија за квалитет на површински води, како и стручните мислења на експертите во оваа област.СДСМ и понатаму може да продолжи со своите познати и проѕирни тактики на креирање неоснован страв и паника кај населението. СДСМ единствено по тоа е и познат.- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости