Чавков пред еден месец тврдеше дека пратениците се безбедни во Собранието

by fokus

Сигурно е дека пратениците утре ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот. Оваа е изјавата на Митко Чавков, директорот на БЈБ, дадена на 20 март годинава, коментирајќи ги повиците на учесниците на протестот да ги блокираат приодите кон Собранието. По само еден месец, во четвртокот, стотина насилници влегоа во законодавниот дом, без да бидат спречени од полицијата, при што беа повредени над сто пратеници, новинари и полицајци.

„Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства“, рече на 20 март Чавков.

На прашањето – дали полицијата гарантира дека пратениците нема да бидат оневозможени да влезат или да излезат од Собранието, со оглед на разни најави дека учесници во протестот ќе ги блокираат приодите во законодавниот дом, Чавков беше дециден: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот!“

 

Поврзани новости