Најчевска: Полицајците кои дозволија насилство во Собранието веднаш да бидат суспендирани

by fokus 08:44
08:44

Доколку во рок од два дена не почнат да бидат приведувани во полициска станца и доколку не им биде одредена мерка притвор врз основа на можност за повторување на делото, на секој насилник кој може да се идентификува на снимките, ние граѓаните имаме право на граѓанско апсење на терористите од Собрание и самозаштита. Доколку овие криминалци се на слобода загрозена е безбедноста на секој од нас, вели универзитетската професорка Мирјана Најчевска.

Таа додава дека и веднаш треба да бидат суспендирани полицајците кои им дозволија на насилниците да дивеат во Собранието.

- Advertisements -

-Секој полицаец прикажан на снимките кој не ја извршува должноста веднаш да биде суспендиран, да му биде одземено оружјето и да биде поведена постапка. Според Законот за полиција член 36, полицаецот делува по службена должност – не му треба никаква наредба за да спречи извршување на кривично дело. Тоа значи дека секој од прикажаните полицајци го прекршил Законот за полиција, а може да се размислува и за многу тешки кривични дела во кои се појавуваат како соучесници, вели Најчевска.

Најчевска додава и дека секој медиум кој поддржува терористички напад да биде ставен под истрага.

 

Поврзани новости