Денеска згаснуваат весниците „Вест“ и „Утрински“

by fokus

 

Денеска за последен пат излегуваат весниците „Утрински весник“ и „Вест“, кои на пазарот беа скоро две децении. Овие два медиуми ќе продолжат да функционираат како веб-портали со по неколку вработени, а останатите новинари ќе останат без работа. Единствено дневниот весник „Дневник“ ќе продолжи со работа. Од компанијата ќе истапи „Македонски спорт“, а магазинот „Теа модерна“ ќе продолжи да излегува во рамките на „Дневник“.

Причина за затворањето на медиумите е лошата финансиска состојба на компанијата. Фирмата „Графички центар“, која е сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“, во Основниот суд Скопје 2 почна претстечајна постапка.

Новинарите кои ќе продолжат да работат ќе бидат пријавени во новата фирма која неодамна беше формирана „Медиа Принт Македонија“ (МПМ). Од 230 вработени во сите медиуми и во администрацијата, во новата фирма ќе останат 113 вработени.

Поврзани новости