1.1K
Гоце Митровски, вработен како главен инспектор во криминалистичката полиција при МВР, на денешното рочиште на „Таргет-Тврдина“ рече дека и тој бил незаконски прислушуван.
-Шест мобилни броеви и домашниот број ми биле прислушкувани. Еден број што бил прислушкуван бил на мојот малолетен син, а другите беа на моите родители – рече Митровски.
Исто така, прислушуван бил и пензионираниот полициски началник Ламбе Бучков, кој пред судот рече:
„Не сум прислушкуван по наредба на Јанкулоска, туку таа ингеренциите ги имаше пренесено на директорот за Државна безбедност. Налог за мое прислушкување има потпишано и Митко Чавков. Јас сум бил прислушкуван до 2016 година“.