442
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека постои можност да се случи терористички напад во Македонија.
-Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат, изјави Чавков.
Министерот додаде дека состојбите во Европа и пошироко упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи се многу реални.