Рангелова: Лагите на СДСМ за спорни гласачи излегуваат на виделина

by fokus 17:58
17:58

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова верува дека најголемиот дел од 40.000 спорни гласачи ќе се регистрираат и дека ќе се докажело оти фантомите во Избирачкиот список биле само лага на СДСМ.

-Со објавувањето на списокот на гласачи кои СДСМ ги прогласи за спорни, излегоа на виделина сите лаги со кои аболираниот Зоран Заев и неговите сопартијци со месеци ја манипулираа јавноста. Народот виде дека нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми, ниту 200.000. Има само 40.000 гласачи кои се спорни за Заев и за неговите сопартијци – рече Рангелова.

Инаку, Од ДИК денска соопштија дека до сега 257 лица од спорните се пријавиле за да го потврдат своето гласачко право, меѓутоа не одговорија како меѓу 40-те илјади спорни гласачи се најдоа  и лица кои се познати во јавноста и со години живеат на иста адреса.

Поврзани новости