Чаусидис: Новинарството е пожилаво отколку што мислеа

by Фокус

-Некој се досетил дека доколку ги истребат буквално новинарите од медиумите и од редакциите и се заменат со човечиња, полтрони, пропагандисти итн., тие ќе бидат прашувани за слободата, тие ќе пренесуваат лажна слика и проблемот ќе биде решен. Ама се покажа дека новинарството е малку пожилава професија, отколку што тоа некој го замислува, изјави претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа вели и дека не е загрозено само новинарството, туку загрозено е правото на слободно изразување и безбедноста после тоа слободно изразување.

-Сега ова што се случува кај нас, мислам новинарството сфатено токму во оваа смисла за која говорам е буквално ставено на листата на отстрел и веќе говориме за мали островца на новинарската професија, кои опстојуваат, додека сето друго е окупирано со пропаганда и со инструментализација во партиски цели, изјави Чаусидис.

Поврзани новости