Груевски: Разочаран сум од родителите кои кусогледо застанаа зад своите деца

by Фокус

На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот и реизбраниот лидер на партијата, Никола Груевски, во своето обраќање пред делегатите ги осуди родителите кои ги поддржаа средношколците во борбата за остварувања на нивните барања. Премиерот рече дека родителите „кусогледо“ застанале зад своите деца, бидејќи нивната политичка определба не била ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште на крај и виновни излеговме што сакаме да им обезбедиме поголеми шанси и поголем избор во животот. Уште повеќе ме разочараа оние родители кои ги подржаа протестите на децата, не заради тоа што сметаат дека е исправно нивното барање, туку заради тоа што се од спротивна политичка опција од нас. Политичките спротиставености наспроти иднината на нивните деца. Апсурд, рече Груевски.

Тој алудираше и дека протестите на студентите и средношколците, кои изминатиов период се правеа со цел да се спротивстават на избрзаните реформи во образованието, биле организирани од опозицијата.

-Треба меѓупартиски консензус, за да не си ставаме сопки на секој чекор… Сите сме во ист лонец, но затоа ни треба крос партиски договор за зголемување на стандардите без партиски злоупотреби и сопки. Но, не ако некој сака да воведе електронска матура, другиот да му организира протести, рече Груевски.

Поврзани новости