430
Во Основниот суд Скопје 1 денеска започна судењето на Захир Бекири-Чауш. Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ тврди дека тој не ги видел доказите кои ги има Обвинителството.
-Ме тераа во Обвинителство да кажам дека УСБ-то ми го дале Зоран заев и Зоран Верушевски. Истотака, ми се заканија дека ќе ми го уапсат целото мое семејство, изјави Захир Бекири-Чауш во судницата.
Одбраната на Чауш обвини дека тој бил држен во Основното јавно обвинителство, каде му било вршено притисок, трпел закани и добивал непринципиелни предлози.