Талески: Општина Битола нема направено никаков криминал

by Фокус

Општина Битола нема направено никакво незаконско дело, ниту криминал, ниту какво било коруптивно дело, изјави вчера градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.

Според Талески, општина Битола добила надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа била извршена со согласност со сите директори на училиштата.

-Во согласност со закон, до Општината доаѓаат блок-дотации, Општината ги трансферира до училиштата, а училиштата, врз основа на договор потпишан со превозниците, вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со прес-конференцијата на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу нè уважува како важен субјект, објаснуваше осомничениот градоначалник.

За случајот „Транспортер“, тој рече дека е политички мотивиран.

Поврзани новости