Чадел стан во Велес – сопственикот го заборавил шпоретот

by fokus

Пожарникари од Противопожарната единица Велес спречиле пожар во стан во Велес, откако вчера попладне добиле дојава дека чади заклучен стан.

Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен, којшто е пронајден и дошол на лице место.

Штети немало направено, интервенирано е на време.

На терен биле 3 пожарникари со 1ПП возило.

Поврзани новости