Познатата македонска актерка, Шенка Колозова, со кој израснаа многу генерации гледајќи ја во „Македонските народни приказни“, се кандидира за советник во Град Скопје преку партијата „Левица“. Колозова е петта на советничката листа на оваа партија, пред неа се Здравко Савевски, Драгана Велковска како носител на листа, Александар Атевиќ и Андреј Јованчевски.
Од „Левица“ велат дека доколку го добие советничкото место Колозова активно ќе се вклучи во работата на градското собрание.
-Таа не само фигурира на советничката листа, туку ќе биде активен член на советот на Скопје и убедени сме дека достојно ќе ја врши таа функција – вели Савевски.
Како што појаснува тој, на нивните советнички листи доминираат обични луѓе, кои ги знаат реалните проблеми во нивните средини и кои можат да партиципираат во подобрувањето на нивната заедница.