ВМРО-ДПМНЕ го прашува Анѓушев дали има скриени фирми

by fokus

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција праша колкав имот поседува вицепремиерот Кочо Анѓушев и дали крие дел од својот имот и зошто го прави тоа? Таа запраша и дали Анѓушев има фирми во странство кои не ги пријавил во анкетниот лист и зошто не ги пријавил?

– Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев. Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист. Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува, рече Гелова Стојанова.

Поврзани новости