Сугарески бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ или ќе ги тужи за клевета

by fokus

Министерството за транспорт и врски ниту објавило јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки ниту пак планира да прави било каква јавна набавки за оваа намена, реагира Министерството на обвинувањата од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ дека планира да потроши 24.000 евра за набавка на алкохол.

„Ова е само еден груб обид од страна на ВМРО–ДПМНЕ да ја манупулира целата јавност и да се дескредитира работата на Министерството за транспорт и врски. Лагите што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ во јавноста не се ништо друго освен непроверени информации со кои сакаат да создадат лажна слика за работењето на Министерството за транспорт и врски. Ги повикуваме од ВМРО –ДПМНЕ повторно јавно да излезат и точно да и објаснат на јавноста, каде стои дека Министерството за транспорт и врски објавило ваква јавна набавка“, се вели во реакцијата.

Од Министерството во интерес на вистината јавно ги повикуваат ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Пешевска да се извинат за изнесените лаги, во спротивино ќе бидат преземени сите потребни судски постапки за клевета.

Поврзани новости